fbpx

Секоја година ли ќе се задолжуваме со 500 милиони евра?

-

Сега веќе знаеме дека новата еврообврзница треба да изнесува 230 милиони евра за да се достигне сумата од 500 милиони евра, колку што требаше да изнесува ланската, но од која тогашниот дополнителен заменик министер за финансии, Кире Наумов, ги исече токму овие најавени 230 милиони евра и на крај задолжувањето изнесуваше „само“ 270 милиони евра, пишува „Вистиномер“.

Оваа сума тогаш беше постигната во договор меѓу сега веќе поранешниот министер за финансии, Зоран Ставрески и Наумов. Но, како што видовме, Ставрески си поднесе оставка „од здравствени причини“, па не треба да чуди тој да не се согласувал со ова најавено задолжување, зашто Ставрески и онака, со години наназад, приватно, како што, впрочем, слушнавме од прислушуваните разговори, не се согласуваше со високото ниво на јавна потрошувачка која ја практикува Груевски, јасно изнесувајќи го ваквиот свој став во сега веќе антологиската реченица за трошењето за чоколади во ситуација на недостиг на леб и самопрогласувањето за „лудаци“ во прислушуваниот разговор со тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. Новото најавено задолжување, кое ќе значи трета еврообврзница во период од 3 години, а сите заедно со вкупен износ од 1 милијарда евра, можно е да ја прелило чашата на трпението кај Ставрески. Настрана фактот што против него не се води никаква истрага од страна на Специјалното јавно обвинителство, а ни СДСМ во ланските кривични пријави немаше поднесено ниедна против него. Ова значи дека тој не мора да се држи до фотелјата како гаранција за сопствената слобода за разлика од многу негови сопартијци.

(Целиот текст од „Вистиномер“ можете да го прочитате и да го преземете ТУКА)

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...