fbpx

Папата во јули ќе го посети Аушвиц

-

Папата Франциск на 29 јули, за време на посетата на Полска, ќе го посети музејот на некогашниот нацистички логор Аушвиц, најавија од Ватикан.

Претходниците на папата Франциск, папата Бенедикт и папата Јован Павле Втори, исто така го посетија местото на некогашната „фабрика на смртта“ за време на нивните понтификати.

Турнејата на местото на некогашниот логор ќе се случи за време на посетата на папата на Краков, по повод собирањето на католичката младина.

За време на посетата на синагогата во Рим, папата Франциск апелираше до католиците да го отфрлат антисемитизмот и рече дека Холокаустот, во кој беа убиени околу 6 милиони Евреи, треба секој ден да нè потсетува дека човековите права треба да се бранат со максимална посветеност.

Пред еден месец Ватикан издаде важен документ, во кој на католиците им се порачува да не се обидуваат да ги преобратат Евреите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...