fbpx
Таг: Аушвиц

таг: Аушвиц

Пендаровски: Во времиња на кризи и конфликти, популистите ги хранат луѓето со страв и гнев кон послабите

Тешко е да се замисли, а уште потешко е да се опише монструозноста на Холокаустот. Ели Визел признава дека една од најголемите пречки при пишувањето на неговите лични сведоштва за Аушвиц бил самиот јазик. Тој вели дека зборовите глад, жед, страв, транспорт, селекција и оган тогаш значеле нешто друго. И заклучува дека „една рака пепел тежи повеќе од сите...

Меѓународен ден на сеќавање на Холокаустот: Да не се повтори никому и никогаш повеќе

Холокаустот на повеќе од шест милиони Евреи во нацистичките концентрациони логори во текот на Втората светска војна денеска со тага се одбележува во светот, со различни манифестации и пораки дека треба да се преземаат сите можни мерки да не се дозволи никогаш повеќе да не се повтори не само толкав злочин, туку и ништо слично на него. Во земјава, одбележување...

Новите генерации заборавија на Холокаустот – 63 отсто од младите во САД не знаат за 6 милиони убиени Евреи

Тажни бројки за сеќавањето за масовното, систематско убивање на околу 6 милиони Евреи во текот на Втората светска војна од страна нацистичкиот режим во Германија. Анкетно истражување на 1.000 млади лица на возраст од 18 до 39 години во САД покажа дека 63 отсто од младите не знаат дека 6 милиони Евреи биле убиени за време на Холокаустот, пренесува...

Меѓународен ден на сеќавање на Холокаустот: Аушвиц низ слики

Обединетите Нации го имаат прогласено 27 јануари за Меѓународен ден на сеќавање на Холокаустот, како комеморација на геноцидот извршен врз над 6 милиони евреи и 11 милиони други жртви од страна на нацистичкиот режим и нивните сојузници. На 27 јануари 1945 година, најголемиот нацистички концентрационен логор или логор на смртта Аушвиц-Биркенау бил ослободен од Црвената Армија. Пренесувајќи дел од  оригиналните фотографиите...

Евреите во Хрватска ги бојкотираа церемониите за Денот на Холокаустот

Додека низ светот со бројни церемонии се одбележуваше Денот на сеќавање на жртвите на Холокаустот, во Хрватска одбележувањето беше поматено од бојкотот на Еврејската заедница на државната церемонија. Нејзиниот став е дека конзервативната влада не прави доволно за спречување на пронацистичките пројави во Хрватска. Лидерот на Хрватската еврејска заедница, Огнен Краус, изјави дека одлуката за бојкот била донесена бидејќи властите не...

Папата во јули ќе го посети Аушвиц

Папата Франциск на 29 јули, за време на посетата на Полска, ќе го посети музејот на некогашниот нацистички логор Аушвиц, најавија од Ватикан. Претходниците на папата Франциск, папата Бенедикт и папата Јован Павле Втори, исто така го посетија местото на некогашната „фабрика на смртта“ за време на нивните понтификати. Турнејата на местото на некогашниот логор ќе се случи за време на...

Во Германија почнува судење на поранешен чувар на Аушвиц

Судењето на Рајнхолд Ханинг, 94-годишен поранешен чувар во логорот Аушвиц, денеска почна во Дермолд, Западна Германија, а обвинетиот ќе одговара за соучество во смртта на повеќе од стотина илјади лица. Поранешниот чувар, чија здравствена состојба дозволува само два часа судење дневно, ќе одговара за соучество во смртта на најмалку 170.000 лица во период од јануари 1943 до јуни 1944 година. Ханинг може да добие...

Книговодителот од Аушвиц осуден на четиригодишна затворска казна

Германскиот суд денеска го осуди на затворска казна 94-годишниот Оскар Гронинг, поранешен чувар во нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц, поради сооучесништво во убиството на најмалку 300.000 Евреи, јавува „Би-Би-Си“. Гронинг, кој е познат по прекарот Книговодителот од Аушвиц, е осуден на казна затвор од четири години, но многумина што го следеа случајот, отслужувањето на казната го ставаат под знак прашалник, поради возраста...

Оскар Гренинг побара да биде помилуван

Поранешниот сметководител на Аушвиц, Оскар Гренинг, на првиот ден од судењето во Лунебург,  побара помилување за жртвите од холокаустот, во кое се наведува дека чувствува морална вина, но укажа и на разликата меѓу неговата работа и таа на џелатот. - Нема сомневање дека носам морална одговорност. Јас барам прошка. Кога станува збор за одговорноста, одлуката е ваша - рече 93-годишниот поранешен...

Иванов: Холокаустот не смее да се заборави

По вчерашното одбележување на 70 годишнината од ослободувањето на концентрацискиот логор Аушвиц, македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, изјави дека комеморацијата е момент на потсетување на едно од најстрашните злосторства во историјата на човештвото и потсетување до што сè може да доведе нетрпеливоста и непочитувањето на разликите меѓу луѓето. Кабинетот на Иванов, кој присуствуваше со повеќе лидери од Европа, САД и од...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...