Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп денеска на настанот „Кафе-пауза“ организиран во соработка со Секретаријатот за европски прашања, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека сè што е ставено на хартија во форма на договор, треба да се исполни.
Како што рече Пломп, мора да се почне со имплементација на тие реформи, но најбитно сега е да се фокусираме на три принципи на процесот – инклузивност, односно вклучување на сите страни, транспарентност и одговорност.
Тој истакна дека соработката меѓу двете земји е интензивирана поради претседателството на Холандија со ЕУ, но и поради грижата за иднината на Македонија.
– Холандија го прави ова бидејќи сме загрижени за Македонија и најмногу бидејќи сакаме да ја видиме Македонија да успее на патот на евроатлантската интеграција и да стане членка на ЕУ и на НАТО – рече Пломп.
Според амбасадорот, во врска до тоа дали Македонија ќе се најде на агендата на ЕУ, ќе се реши во следните недели.