fbpx

Русија сè уште чека извинување од Турција за соборувањето на „су-24“

-

Властите во Москва сооштија дека Анкара треба да се извини за соборувањето на рускиот авион „су-24“ на границата со Сирија.

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, изрази жалење поради тоа што Анкара сè уште не презела мерки против агресивниот чин.

Билатералните односи на двете земји се влошија откако Турција го собори рускиот бомбардер „су-24“ над Сирија, тврдејќи дека авионот навлегол во турскиот воздушен простор.

Инцидентот се случи на 24 ноември минатата година, а Песков рече дека Москва и понатаму чека извинување.

– Русија чека извинување, објаснување за причините за инцидентот и исплата на штетата за соборениот авион, како и договор со семејството на убиениот пилот – наведе Песков.

Неговото соопштение е издадено откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека двете земји би требало да работат на билатералните односи.

Ердоган, исто така, наведе дека инцидентот е резултат на грешка на пилотот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...