fbpx

Над 300.000 деца се жртви на малтретирање во Индија

-

Најмалку 300.000 деца во Индија се секојдневна мета на малтретирање и принудени се да просат за индустријата која ја водат картели за криумчарење на луѓе, се наведува во извештајот на организацијата „Проект за слобода на Индија“.

Според податоците на индиската Национална комисија за човекови права, секоја година се киднапираат 40.000 деца, а за најмалку 11.000 од нив се губи секој траг.

-Полицијата ова не го смета за поголем прекршок затоа што сметаат дека возрасно лице која е со детето е или член на семејството или некој познат. Но од вкупно 50 деца кои властите ги спасуваат, најмалку 10 деца се жртви на криумчарење – вели Анита Канија, директорка на организцијата.

Извештајот е заснован на искуствата на полицијата и хуманитарните организации во градот Бенгал, на југот на Индија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...