fbpx

Утре ќе се одржи првата седница на Комисијата за импичмент на Иванов

-

Утре во 11 часот во Собранието треба да се одржи првата седница на Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов.

Сè уште не се знае дали коалицијата на СДСМ ќе учествува во работата на оваа комисија, затоа што тие иако ја поднесоа иницијативата за импичмент на Иванов, на пленарна седница не гласаа за формирање на комисијата.

Од опозицијата рекоа дека со донесувањето на одлуката оваа комисија да има 11 членови, од кои 6 од ВМРО-ДПМНЕ грубо е прекршен деловникот.

Опозицијата оваа одлука ја обжали и на Управен суд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.