Забавата „Информативен разговор“ наместо пред полициската станица „Беко“ се одржа на крстосницата пред зградата „Палома Бјанка“, бидејќи безбедносните сили ги спречија граѓаните да дојдат до пред полициската станица, која од сите страни беше опколена.
На забавата учесниците на протестот пред полицајците палеа факели, играа и пееја.
Претходно граѓаните беа пред Собранието каде што ги повикаа сите да не седат и да чекаат некој друг да ги донесе промените, туку и тие да бидат дел од тие промени.
Владимир Караев: Граѓаните да не чекаат некој друг да ги донесе промените и тие нека бидат дел од тие промени pic.twitter.com/NxNZN5GxNf
— META.mk (@meta_agency) May 28, 2016
Професорот и политички аналитичар Мерсел Биљали, рече дека граѓаните кои седат дома, наликуваат на некој на кој што куќата му гори, внатре му се децата и роднините, а тој седи и гледа од страна.
Мерсел Биљали: Пет милијарди евра изнесени за овие 10 години, не се ништо наспроти губењето на државата #протестирам pic.twitter.com/kuyFk0Gfh7
— META.mk (@meta_agency) May 28, 2016
– Тие луѓе се или индифирентни, или се плашат од власта, или им се доволни 200 евра, па нека оди се по пустината. Ако веруваат во Господ, тогаш не се вистински верници, ако се обични граѓани тогаш не поседуваат основен морал. Ги повикувам без разлика на верска, етничка припадност, социјална положба да излезат бидејќи крајно време е за завршен удар – истакна Биљали.
„Шарена револуција наместо шарена аболиција“, „ Информативен разговор, Митко Чавков“ беа дел од пораките на вечерашниот протест кој започна пред Специјалното јавно обвинителство, продолжи пред Собранието каде што повторно беше фрлана боја.