fbpx

Вељаноски и Хајндл согласни дека е потребна итна реализација на Извештајот на Прибе

-

Сите политички субјекти треба да го тргнат личниот интерес на страна и да го стават во преден план интересот на државата за доброто на граѓаните, како и да се преземат итни и решителни чекори за реализирање на забелешките од Извештајот на Прибе со цел земјата да се врати на патот на евроатлантските интеграции.

Ова е заедничкиот став од средбата меѓу претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски и амбасадорот Јоханес Хајндл, специјален пратеник на германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, на која двајцата соговорници размениле мислења во насока на што „поскоро решавање на сите пречки што стојат на патот за излез од политичката криза во земјата“

„Двајцата соговорници се согласни дека парламентот е место каде што треба да се спротистават ставовите и интересите на партиите, клучно место во насока на исполнување на реформскиот процес за остварување на примарната цел, членството во Европската Унија и Нато Алијансата“, се додава во соопштението од кабинетот на Вељаноски за средбата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хамас не го прифаќа понудениот договор за примирје, преговорите продолжуваат

Висок функционер на Хамас во текот на ноќта изјавил за новинската агенција Франс прес (АФП) дека одговорот на групата на предложениот договор за примирје со Израел, а постигнат со...