fbpx

Пронајдени делови од исчезнатиот египетски авион

-

Остатоци од исчезнатиот египетски патнички авион се пронајдени во близина на грчкиот остров Карпатос. Грчките власти претходно соопштија дека во јужниот дел на Средоземното Море се пронајдени два објекти како лебдат во водата, на околу 80 километри јужно од островот.

Грчката фрегата пронашла големи пластични објекти со бела и црна боја, соопшти извор од грчкото Министерство за одбрана.

Во потрагата по исчезнатиот авион учествуваат грчки воени авиони и бродови.

Француското државно обвинителство денеска соопшти дека покреналo истрага за исчезнатиот авион, кој се изгубил од радарите над Медитеранот. Обвинителството истакна дека „сите теории за падот на авионот се можни“.

Египетските безбедносни служби не ја исклучуваат можноста уривањето на авионот да биде последица на тероризам. Тие вршат безбедносна проверка на патниците за да се утврди дали некој од нов бил поврзан со екстремистите.

Авионот на „Египет Ер“ со 66 патници и членови на екипажот летал на линија Париз-Каиро, кога исчезнал над Средоземното Море.

Авиокомпанијата потврди дека меѓу патниците во авионот имало 30 Египќани, 15 Французи, двајца Ирачани, како и по еден државјанин на Велика Британија, Кувајт, Саудиска Арабија, Судан, Чад, Португалија и Канада.

Медиумите наведуваат дека меѓу патниците имало и три деца.

Во близина на областа каде исчезна авионот не се регистрирани неповолни временски услови, соопшти европската агенција за контрола на авиосообраќајот, Евроконтрол.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е вистина дека претседателот на државата нема никакви ингеренции

Објава неточно тврди дека претседателот нема никакви надлежности и дека за сè треба да го прашува премиерот. Претседателот на Република Северна Македонија ја претставува Републиката и е врховен командант...