fbpx

Скопјанец и државјанин на Србија фатени при транспорт на 34 мигранти

-

Полициски екипи, вчера, во два одвоени случаи откриле поголема група на илегални мигранти, кои биле превезувани со возила, што ги управувале жител на Скопје и државјанин на Србија.

Во едниот случај, како што информираат од МВР, полициска екипа, вчера околу 5 часот, во возило, марка „цитроен“, со штипски регистарски ознаки, затекнала 10 мигранти, од кои девет биле со потекло од Пакистан и еден од Сирија. Возачот А.Н. (28) од Скопје, кој се обидел да побегне бил приведен и против него е поднесена кривична пријава, а судија на претходна постапка му одредил мерка притвор од 30 дена.

Истиот ден, околу 21.15 часот на автопатот Гевгелија – село Удово, екипа од полициската станица за надзор на граничниот премин „Богородица“ и нивни колеги од хрватската полиција, запреле товарно возило, марка „фиат дукато“, со кумановски регистарски ознаки, што го управувал 30-годишниот Д.С. од Србија. Во возилот, според МВР, биле откриени 24 мигранти. Од нив 11 биле од Сирија, а 13 со потекло од Авганистан.

Возачот е приведен, додека мигрантите се сместени во Прифатниот центар во Скопје, односно во Привремениот транзитен центар во Гевгелија за натамошна постапка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК нема да може сама да се справи со евентуални кибер напади и дезинформации

Кибер напади, дезинформации, логистички пречки - овие ризици се закана за кредибилитетот на изборните процеси, истакна денеска првиот човек на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. На денешната панел...