fbpx

Груевски и Хојт Ји разговараа за надминување на политичката криза

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес со заменик помошникот државен секретар на САД, задолжен за прашања за Европа и Азија, Хојт Ји разговарал за теми врзани со надминувањето на политичката криза во државата, за начините и модалитетите за излез, како и за остварување на стратешките цели на државата во поглед на реализација на интеграциските процеси.

Како што стои во соопштението, Груевски посочил дека партијата е насочена и посветена кон изнаоѓање на решенија кои се во насока на почитување на волјата на граѓаните и во функција на надминување актуелната политичка криза и креирање на услови за напредок.

Соговорниците разговарале и за реформите за унапредување на состојбите во различните сфери кои се поврзани со интеграциските состојби. Груевски посочил дека приоритет се чекорите кои се поврзани со акцискиот план на ЕУ во насока на континуирано унапредување на стандардите во повеќе области поврзани со интеграциските процеси.

Лидерот на владејачката партија истакнал дека за ВМРО-ДПМНЕ од стратешки интерес останува членството во НАТО алијансата како и интеграцијата во Европската Унија при што е исклучително важна поддршката од различните партнери во остварувањето на зацртаните цели.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.