fbpx

Пет члена на ДИК му пишаа на Вељаноски дека изборите би биле нелегитимни

-

Пет члена на Државната изборна комисија (ДИК) испратија писмено известување до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски во кое се вели дека на 5 јуни ќе има само една кандидатска листа.

Според Виолета Дума и Игор Милев од СДСМ, Субхи Јакупи од ДУИ и претседателот и потпретседателот на Комисијата, Александар Чичаковски и Реџеп Прекопуца, ако се спроведат изборите тие би биле нелегитимни и некредибилни.

Во писмото стои дека се загрозува начелото на избалансирано медиумско претставување, суверенитетот на граѓаните се пренесува само на една партија, а се поставува и прашањето за целисходноста и економичноста на спроведување на изборите, со оглед на извесноста на резултатите во однос на распределбата на мандатите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Регионална депонија во Свети Николе: Зошто да биде европска кога може да е дива

Шеснаесет нестандардни општински и десетици диви депонии, полни со секаков отпад, без никаква ограда или заштита, расфрлани речиси до секое населено место, во реките, покрај нивите и патиштата или...