fbpx

Вардар победи, Кастратовиќ незадоволна

-

Екипата на ЖРК Вардар вчеравечер забележа нова победа во Лигата на шампионите, овојпат против тимот на Подравка, но без оглед на тоа, тренерот Индира Кастратовиќ е незадоволна.

Таа смета дека нејзиниот тим, иако триумфираше во финишот на натпреварот, нешто мора да менува во иднина.

– Јас сум задоволна што се враќаме во Скопје со два бода, но не сум задоволна од начинот на кој игравме на ова гостување. Тоа посебно го потенцирам за играта во првите 20 минути. Мора да се види што и каде е проблемот што на толку лош начин го отвораме речиси секој натпревар и потоа се мачиме во текот на натпреварот – изјави Индира Кастратовиќ по синоќешниот натпревар.

Таа додаде и дека ова е третпат тимот на ЖРК Вардар да применува ваква игра и дека во иднина нешто ќе мора да се менува.

– На полувремето се договоривме да играме многу поагресивно во вториот дел. Тоа беше направено и резултатот дојде. Таа наша игра на почетокот му внесе голема самодоверба на домашниот тим, кој одигра перфектно во текот на целиот натпревар – рече Кастратовиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...