fbpx

Кристијан Керн е нов канцелар на Австрија

-

Кристијан Керн, генералниот директор на Австриски железници, е именуван за нов лидер на Социјалдемократската партија (СПО) и за австриски канцелар.

Канцеларот Вернер Фајман поднесе оставка на 9 мај на двете функции, две недели откако неговата партија доживеа неуспех во првиот круг на претседателските избори.

СПО ја сочинува владејачката коалиција со центристичката Народна партија.

Во првиот круг на претседателските избори на 24 април, кандидатот на десничарската антиимигрантска Слободарска партија, Норберт Хофер, освои повеќе од 35 отсто од гласовите. Другите пет кандидати имаат значително помалку гласови од него.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...