fbpx

Протест пред домот на Груевски: „Доста беше, ќе се избориме за слободата“

-

Голем портрет со ликот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска беше обоен во боите на „Шарената револуција“, пред зградата во која се наоѓа домот на поранешниот премиер.

Таму и заврши протестот, кој денеска прослави мал јубилеј – еден месец од првиот ваков собир (на овој линк е визуелно прикажана хронологијата на протестите од 12 април до денеска).  

Пред домот на поранешниот премиер зборуваше Сања Лукаревска, која рече дека повеќе од 630.000 млади, образовани, прогресивни луѓе се отселија од државата, а 600 милиони евра се потрошиле на проектот „Скопје 2014“.

– Секој ден пешачам со вас од еден до друг барок. Десет години земаа од мојата младост, од вашата младост, нè шиканираа и нè дискриминираа по секоја основа, а сето тоа кулминираше со срамната аболиција. Десет години пиштиме и вриштиме од нивните репресивни политики. Секој втор граѓанин има блокирана сметка. Доста беше, ќе се избориме за својата слобода – рече Лукаревска.

Демонстрантите претходно ја обоија зградата и на пазарната инспекција. Тие носеа транспаренти на кои пишуваше „Извршители наместо инвеститори ни дишат во врат“, „Пазарната инспекција ја сотре пазарната економија“ и „Газиме врз стравот“.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...