fbpx

ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе листите за пратеници

-

Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски, вечерва во Државната изборна комисија ги достави листите на кандидати за пратеници на партијата.

Како што рече Нелоски, на листите има вкупно 123 кандидати, од кои 74 се мажи, а 49 се жени.

Во првата изборна единица, листата ќе ја води лидерот на партијата, Никола Груевски. Министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе ја предводи листата во втората изборна единица. Во тројката, кандидатите за пратеници ќе ги предводи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски. Во четвртата изборна единица, листата ќе ја предводи министерот за здравство, Никола Тодоров, во петтата изборна единица прв на кандидатската листа ќе биде пратеникот Антонио Милошоски, а во шестата – пратеникот Влатко Ѓорчев.

– Во согласност со вчерашната одлука на извршниот и на централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денеска ја имам честа да ги доставам листите на кандидати за пратеници за предвремените парламентарни избори во јуни 2016 година. Има вкупно 123 предложени кандидати во сите шест изборни единици, од кои 49 се жени, а 74 се мажи. Извршниот и централниот комитет на нашата партија одлучија да го поддржат нашиот преговарачки тим да продолжи со преговори за излез од оваа криза во која СДСМ ја воведе нашата земја – истакна Нелоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...