Амбасадорот на Велика Британија, Чарлс Гарет, на својот твитер-профил вели дека итно е потребно политичарите да се договорат и да ја решат политичката криза.
„Пролонгираната несигурност за тоа како политичките лидери ќе ја решат политичката криза, останува да биде голема загриженост за социјалната, безбедносната и за економската добросостојба на земјата. Политичките лидери треба итно да се договорат и да најдат веродостоен начин како да продолжат понатаму. Договореното треба да биде навистина сигурно и одржливо и треба да го реши претседателското помилување на начин на кој ќе се заштити владеењето на правото. Тоа вклучува обезбедување правна одговорност за сите граѓани“, вели Гарет.
Политичка и правна одговорност за сите. pic.twitter.com/49jCkzIDGd
— Charles Garrett (@BritAmbCGarrett) May 11, 2016