Авион на компанијата „Сингапур ерлајнс“ се подготвувал за полетување, односно забрзувал на пистата кога на неа за полетување се вклучил и „ербас“ на компанијата „Кореан ер“, при што за малку бил избегнат судир меѓу двете летала.
Инцидентот се случил на аеродромот „Инчелон“ во Сеул, а авионот кој се обидел да полета нагло запрел и за влакно избегнал трагедија. Притоа, биле оштетени пневматиците и тркалата на леталото.
За среќа, нема повредени во инцидентот.