fbpx

Најголемиот наркодилер на Перу е уапсен во Колумбија

-

Најголемиот наркодилер на Перу, Херсон Галвес, е уапсен вчера во еден ресторан во колумбискиот град Меделин, соопшти колумбиското министерство за одбрана.

По Галвес била распишана потерница од Интерпол и тој се смета за „новиот Ел Чапо Гусман на Јужна Америка“. Тој е познат под името Каракол и властите во Перу го бараат поради убиства, шверц на дрога и учество во криминална организација. За него е понудена дури и награда од 150.000 долари.

Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос ја поздрави националната полиција поради апсењето на „еден од најопасните наркодилери во регионот“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...