fbpx

Прва жена на чело на американската воена академија „Вест поинт“

-

Американскиот претседател Барак Обама именуваше жена за декан на американската воена академија „Вест поинт“, што е првпат во долгата 216-годишна историја на оваа институција.

Функцијата ќе ја извршува Синди Џеб, која, исто така, дипломирала на „Вест поинт“. Нејзината номинација треба да ја потврди уште и американскиот Сенат.

Џеб моментно ја води катедрата за општествени науки на воената академија.

– Ова е историски момент за нашата војска и јас сум возбуден што „Вест поинт“ ќе ја има првата жена на оваа позиција – истакна високиот воен претставник, Патрик Марфи.

Во јануари уште една жена, Дајана Холанд, стана прва жена командант на кадетите на „Вест поинт“.

Жените сè повеќе имаат важна улога во американската армија и сочинуваат околу 15 отсто од персоналот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...