fbpx

Експлозија во Египет – седум загинати и 15 повредени

-

Најмалку пет египетски војници, офицер и жена загинаа во експлозија кај два оклопни транспортера, а 15 лица се ранети на Синајскиот Полуостров, изјавија безбедносните служби на Египет. Исламска држава ја презеде одговорноста за нападите.

Извори наведуваат дека неколку експлозивни направи со далечинско управување се активирани при минување на возила на патот Рафа и Шејк Зујавед, на југот на Египет.

Египет е соочен со се поинтензивни вооружени бунтови од 2013 година, кога од власт беше симнат претседателот Мохамед Морси од политичкото движење Муслиманско братство.

Од почетокот на побуната, кој претежно го води египетскиот разгранок на Исламска држава, загинаа повеќе стотини војници и полицајци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...