fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Поддржуваме секаква законска и уставна одлука на ДИК

-

„ВМРО-ДПМНЕ поддржува секаква одлука на ДИК што ќе биде донесена во согласност со Уставот, законите и со меѓународните стандарди. Бројот на гласачи што треба да биде дополнително проверен е само изговор на СДСМ за сите свои досегашни и идни изборни порази. Постапките на СДСМ се малтретирање на целата држава, а во следниот период и малтретирање на граѓаните“, стои во синоќешната реакција на владејачката партија по седницата на Државната изборна комисија (ДИК).

„Без разлика дали ДИК ќе одлучи да провери 35.000, 70.000, 100.000, 200.000, 500.000 или сите гласачи, СДСМ ќе ги изгуби следните избори, заради тоа што право на глас во Република Македонија имаат сите нејзини граѓани и тоа не може да им биде одземено. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот да даде целосна поддршка за проверка на колку сакаат граѓани, ако ценат дека треба да се проверат и сите повеќе од два милиони жители. Ние немаме никаков проблем со тоа и тоа ќе го поддржиме“, стои во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата, ќе ја поддржи секоја одлука на мнозинството на ДИК, а во насока на транспарентно и на темелно проверување на избирачкиот список.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...