fbpx

Бан Ки-мун го осуди нападот во Истанбул

-

Генералниот серкетар на Обединетите нации (ОН), Бан Ки-мун, го осуди нападот во Истанбул и во писмена изјава изрази надеж дека виновниците за „тоа одвратно насилство“ ќе бидат изведени пред суд со почитување на правата на човекот.

Во самоубиствен напад во Истанбул, вчера беа убиени четворица странски туристи–Израелци и еден Иранец, а 36 луѓе беа ранети, меѓу кои и граѓани на Израел, Германија, Исланд, Ирска.

Во Вашингтон, претставник на Белата куќа потврди дека се убиени двајца американски граѓани за кои подоцна израелски дипломат во Истанбул рече дека имале двојно државјанство.

Досега никој не презеде одговорност за нападот.

Според турски медиуми, напаѓачот е идентификуван како Саваш Јилдиз, 33-годишен член на Исламска држава. Властите не ја потврдија информацијата.

Сојузот на заедници на Курдистан се дистанцира од какви било напади врз цивили, јавуваат турски медиуми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...