fbpx

Австрија најмногу уплатила во фондот на ЕУ за Сирија

-

Австрија уплатила најголема сума пари во фондот за Европска Унија во Сирија, поради што особено е пофалена од страна на бриселските власти.

– Се надеваме дека другите земји членки ќе го следат примерот на Австрија – порачаа во писмо до официјална Виена, шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, и комесарот за соседска политика, Јоханес Хан.

Според податоците на министерство за надворешни работи на Австрија, оваа држава во фондот уплатила 11,5 милиони евра.

Со ова Австрија се најде пред Данска, која уплатила 10 милиони евра, и пред Германија со уплатени пет милиони евра.

Вкупно фондот треба да располага со 650 милиони евра од заедничкиот буџет на ЕУ, како и придонесот од 28 земји членки.

Парите од фондот треба да се искористат за помош на бегалците во земјите соседи на Сирија, но и за поддршка на земјите на балканската рута за совладување на бранот бегалци, објасниле Могерини и Хан во своето писмо.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...