fbpx

Заев: Нема кредибилни избори без реформа во медиумите

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од претставникот на преговарачкиот тим на СДСМ, Роберт Поповски, денеска се сретна со претставници на Здружението на новинари на Македонија, Институтот за комуникациски студии и Високата школа за новинарство, Независниот синдикат на новинари, Советот за етика и на Македонскиот институт за медиуми.

На средбата, како што соопштија од СДСМ, било разговарано за неопходните реформи во медиумите во Македонија.

– Сегашниот систем на медиумска пропаганда и на манипулации во информирањето мора да биде урнат поради тоа што е корумпиран и недемократски, им штети на професионалното новинарство и на правото на граѓаните да бидат објективно информирани – рече Заев.

Лидерот на СДСМ додал дека прашањето за реформи во медиумите не е само обврска што произлегува од Договорот во Пржино и од извештајот на Прибе, туку децидно ги бара и Европската Унија во извештајот за Македонија, меѓу условите за продолжување на евроинтеграцискиот процес на земјава.

– За иднината на Република Македонија во моментов нема ништо поважно од фер, регуларни и демократски избори. Нема веродостојни избори без медиумски реформи – рече Заев.

На средбата се разговарало за потребните медиумски реформи, при што е посветено внимание на ставовите на претставниците на медиумската заедница во Република Македонија.

– Неопходно во овој процес, во функција и на фер и веродостојни избори, е департизација и професионализација на советите на Агенцијата за медиуми (АВМУ) и на јавниот сервис МРТВ, кои се сега партиски испостави на актуелната власт – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...