fbpx

Трамп доживеа пораз во Вашингтон и Вајоминг

-

Кандидатот за номинацијата на Републиканската партија на претстојните претседателски избори во САД, Доналд Трамп, претрпе тежок пораз во сојузните држави Вашингтон и Вајоминг.

Тоа укажува дека трката за именување на кандидат на Републиканците за претседател на САД останува неизвесна.

Американскиот милијардер, Трамп можеби е фаворит по анкетите и по бројот на досега освоените гласови на делегатите на Републиканската партија, но сенаторот од Флорида, Марко Рубио синоќа лесно победи на внатрешните избори во американската престолнина.

Рубио освои 37,3 отсто од гласовите, втор беше Џон Кејсик, а Трамп заврши на трето место со 13,8 отсто од гласовите.

Рубио во Вашингтон освои десет од вкупно 19 гласови на делегатите, Кејсик доби девет, а Трамп остана без ниеден глас.

Вашингтон е град во кој поголемиот дел од гласачите се за Демократската партија, а само шест отсто од регистрираните гласачи се републиканци.

Во Вајоминг, сенаторот Тед Круз го порази Трамп освојувајќи 66,3 отсто од гласовите, а Рубио заврши втор со 19,5 отсто.

Исто како во Вашингтон, Трамп и во Вајоминг заврши на трето место со 7,2 отсто од гласовите.

Круз доби поддршка од девет делегати, а Рубио и Трамп само по еден.

Во вторник се очекуваат избори во пет сојузни држави – Флорида, Илиној, Мисури, Северна Каролина и Охајо.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...