fbpx

УНИЦЕФ: Децата заглавени на премините се под најголем ризик од трговци со луѓе

-

Во спроведувањето на одлуките од самитот на ЕУ со Турција надлежните треба да се раководат според основниот хуманитарен принцип „не повредувај“ во сè што се однесува на грижата за децата бегалци и мигранти, велат од УНИЦЕФ.

„Треба да се гарантира правото на децата да бараат меѓународна заштита. Децата не треба да се враќаат назад ако се соочуваат со ризици, вклучително затвор, присилно регрутирање, трговија со деца и експлоатација. Исто така, треба да се овозможат безбедни и законски канали за децата што бегаат од војна и од конфликти преку соодветни мерки, вклучително обединување на семејствата така што децата, особено тие што се без придружба на возрасен, нема да станат плен на трговци со луѓе“, велат од УНИЦЕФ.

Од УНИЦЕФ велат дека тешката ситуација на границата меѓу Грција и Македонија е и неприфатлива особено за децата кои се мнозинство од тие што чекаат на границата Идомени во Северна Грција.

„Децата веќе претрпеа многу – бегство од војна и од конфликт и опасно патување. Дополнителен удар е што сега се принудени да спијат на отворено, без пристап до основни услуги, без да знаат дали ќе можат да продолжат понатаму или ќе мораат да се вратат назад. Децата заглавени на премините се под најголем ризик од трговци со луѓе и приоритет мора да се даде на заштитата на нивните права“, додаваат од УНИЦЕФ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...