СЈО во Батинци барало докази за носење гласачи од Пустец

-

Мунир Пепиќ, вработен во полициската станица Центар, според засега непотврдени информации, е осомничениот во случајот „Титаник“ во чиј дом во Батинци на барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) бил извршен претрес.

Од СЈО освен потврдата дека утрово е спроведена полициска акција, сè уште нема официјални информации дали нешто е пронајдено и дали има приведени лица.

Според првичните информации, станува збор за акција за прибирање материјални докази и дека нема уапсени лица.

Пепиќ, инаку, беше еден од осомничените во „Титаник“ за кој СЈО веќе побара притвор, но судот го одби барањето, а негативна беше и одлуката на Кривичниот совет по жалбата на обвинителите од тимот на Катица Јанева.

Тој, според образложението што СЈО го доставило со предлогот за притвор до судот, се товари за злосторничко здружување, повреда на избирачко право и за уништување на избирачки материјал.

Во решенијата што ги објави Кривичниот суд, со кои се одбива барањето за притвор, осомничениот е заведен со иницијали М.П.

„Се работи за личност која е вклопена во криминалниот потфат. Тој е врската помеѓу луѓето од странство и раководството на МВР заедно со управните служби. Поседува исклучително голем број контакти и истиот ги има сите предиспозиции да влијае на сведоците и на соучесниците, особено зашто сега работи во … и за цело време се движи вооружен. Поради наведеното, како и поради целосно разработени криминални активности, обвинителството смета дека тој воопшто нема да влијае на сведоците ниту да го повтори делото“, стои во решението на судијата на претходна постапка со која се одбива предлогот на СЈО за притвор на осомничениот.

Според материјалите на судот, односно како што образложиле од СЈО, Пепиќ бил посочен од една од осомничените, со иницијали Ј.Г., и од двајца сведоци, Ф.С. и А.Е., како човек кој имал најголем удел во целокупната активност на носење лица на групно фотографирање за незаконски лични карти.

Тој, како што е наведено, се шетал вооружен и во просториите на обвинителството, дента кога бил на распит.

Името на Пепиќ беше споменато и во дел од снимките што минатата година ги објави опозцијата, односно во разговор меѓу поранешниот министер Миле Јанакиески и соговорник во кој, како што соопшти тогаш СДСМ, се зборува за изборни нерегуларности.

Во „Титаник“, покрај Јанакиески и Пепиќ, осомничени се и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, градоначалникот на општината Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, и уште неколу лица, кои се товарат за изборни манипулации.

Судот ги одби сите барања на СЈО за притвор на осомничените.

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

Истрага за три лица кои се обиделе од двајца сопружници да изнудат 10.000 долари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица на возраст од 26 и 24 години, осомничени за кривично дело – Изнуда од член...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика...