fbpx

Гостиварското обвинителство ја расчистува тепачката меѓу навивачите на „Будуќност“ и на „Шкендија“

-

Вкупно 14 лица се осомничени за тепачката меѓу навивачките групи на женскиот ракометен клуб „Будуќност“ од Црна Гора и на фудбалскиот клуб „Шкендија“ од Тетово, што се случи вчера во близина на преминот Стража, кај Сретков мост.

Од Основното јавно обвинителство Гостивар соопштуваат дека е почнато сослушувањето на инволвираните лица.

„Истражувајќи го настанот, надлежното Основно јавно обвинителство Гостивар врши сослушување на инволвираните лица. Во моментов дејствата се насочени кон вкупно 14 лица и тоа за учество во тепачка од член 142 од Кривичниот законик. Преземањето активности од надлежниот јавен обвинител продолжува во насока на расветлување на настанот и утврдување факти во предметот“, стои во соопштението на Обвинителството.

Инцидентот, како што информираат оттаму, се случил кога еден од вкупно 10 автобуси со навивачи на „Шкендија“, кои биле со полициска придружба, ги пресретнал двата автобуси со навивачи на „Будуќност“, кои биле паркирани кај преминот Стража.

„При разминувањето, почнало каменување помеѓу двата автобуси на „Будуќност“ и едниот автобус на „Шкендија“, по што, по пристигнување и на другите автобуси со навивачи на „Шкендија“, почнала и групна тепачка помеѓу двете навивачки групи. Во настанот 10 лица, навивачи на „Будуќност“, добиле телесни повреди, а едно лице има тешки телесни повреди. Од навивачите на фудбалскиот клуб „Шкендија“ три лица се со телесни повреди“, велат од Обвинителството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...