fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Не е точно дека не постојат услови за фер и демократски избори

-

ВМРО-ДПМНЕ смета дека не е точно дека не постојат услови за фер и демократски избори. Од партијата оценуваат дека нема подготвеност на СДСМ да излезе на избори, затоа што во опозициската партија се свесни дека ќе ги загубат бидејќи ја немаат поддршката од народот. Според владејачката партија, СДСМ сака пролонгирање на кризата и е подготвен на сè за да го направи тоа.

„Претставниците на САД и на ЕУ не презентираа ниту еден сериозен и веродостоен аргумент во прилог на тезата за неподготвеноста на Република Македонија за избори со што е јасно дека станува збор за процена базирана на политичка одлука, а не на факти. Во претходните денови, во интензивната комуникација со нив, на сите нивоа, како политичко, така и техничко, се уверивме дека нема валидни аргументи за одложување на изборите. Затоа вчера ја повикавме Државната изборна комисија, партиите и засегнатите меѓународни претставници на јавна дебата. Затоа претседателот на ДИК вчера се криеше и избегнуваше средба во текот на целиот ден“, велат од владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ваквата состојба може да ја воведе земјата во нови проблеми и наместо кон излез од кризата да ја однесе кон нејзино продлабочување, спротивно од тоа што го очекуваат граѓаните, политичките чинители во земјава и меѓународната заедница.

„СДСМ е единствената опозиција што се гордее дека измолила негативен извештај кај меѓународните претставници со кој би го аргументирала бегството и стравот од соочување со граѓаните на избори. СДСМ никогаш не дошла на власт со програма и со проекти и знаат дека не можат да го сторат тоа. Единствениот начин што им преостанува е преку деструкција, подметнувања и оцрнувања на сопствената земја и институции, што е можно подолго технички да останат во Владата“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...