fbpx

„Мета“ во бегалски камп во Грција: Играат фудбал и чекаат превоз за ЕУ

-

Протекот на бегалци од Грција кон Македонија се одвива без проблеми и покрај поставувањето втора жичена ограда од македонска страна.

Волонтери на „Доктори без граници“, кои им помагаат на бегалците во привремениот камп на бензинската станица во близина на Поликастро, за „Мета“ објаснија дека бегалците бргу се преместуваат од привремениот камп кон кампот на границата.

Иако викендов на бензинската станица во десетици автобуси чекале околу 5.000 бегалци, веќе вчера речиси сите беа префрлени кај Идомени, од каде потоа, преку Македонија, заминуваат кон земјите на ЕУ.

Ситуацијата беше мирна. Бегалците, седнати покрај импровизираните огништа, мирно чекаа да бидат префрлени. Некои помагаа да се постават шатори, други, пак, уживаа во сонцето, а најмалите заборавија на тешките моменти и уживаа во детска пријателска партија фудбал.

Бројките секојдневно се различни, но бројот на бегалци не се намалува. Во Атина секојдневно пристигнуваат од 1.000 до 2.000 нови бегалци, а исто толку и во привремениот камп во Поликастро.

Грчката влада за бегалското прашање е во иста ситуација како и за финансиската криза – приклештена меѓу барањата на ЕУ за изградба на прифатни центри на островите, но и во близина на Солун и на Атина од една страна, а, од друга остри, протести и реакции од граѓаните од локалните заедници и од островите против изградба на бегалски центри во нивна близина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...