fbpx

Мемети: Уште поостро ќе реагирам ако слушнам за заплашувања во администрацијата

-

Народниот правобранител Иџет Мемети во пресрет на предвремените парламентарни избори ги повика граѓаните да пријавуваат предизборни нерегуларности.

„Без разлика кога ќе бидат изборите, граѓаните треба да се охрабрат и да соработуваат со институцијата Народен правобранител и да ги пријават сите предизборни нерегуларности. Досега нема ниту една претставка“, рече Мемети.

Според него, најпроблематичен е избирачкиот список.

„Ако имаме веродостоен избирачки список, тогаш секој може кредибилно да го оствари своето право. Целта на оваа прес-конференција е да се потсетат раководните лица во институциите во однос на заплашувањата во јавната администрација да не помислат на такво нешто, затоа што уште поостро ќе реагирам ако дојдеме до такви констатации“, рече Мемети.

Правобранителот ја повикува Државната изборна комисија да подготви квалитетен избирачки список кој нема да остави никаков сомнеж.

„Посебно се обраќам до тие што се на раководни позиции во институциите и до други лица во јавната администрација, да не се осмелат на каков било начин да вршат заплашување и притисоци врз вработените, да се однесуваат одговорно, зашто таквото однесување, кое е недозволиво, подлежи на кривична одговорност“, рече Мемети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...