Популарната колумна „Сакам да кажам“ на Горан Михајловски од вечерва се враќа со своја веб-страница, www.sakamdakazam.mk.
Новата неделна колумна ќе излегува секој петок навечер, а првпат во земјава освен пишана форма ќе има и аудиоподкаст, а наскоро и видеоверзија.
На веб-страницата ја има и целата архива од 25-годишното постоење на „Сакам да кажам“, како и можност за бесплатно симнување на четирите збирки на колумните на Михајловски.
– Ми требаше четвртина век да сфатам дека е најважно да имаш што да кажеш и тоа да направи разлика, а не во кој медиум го кажуваш. Тешко ми е што се одвојувам од печатениот медиум, ама време беше да влезам во 21 век – вели Михајловски.
Со новата веб-страница на Михајловски, „Сакам да кажам“ ја одбележува 25-годишнината од постоењето и е најдолготрајна и најпопуларна колумна во историјата на македонското новинарство.
Првата колумна излезе на 12 јануари 1991 година во „Вечер“, а од јули 2000 година излегуваше 15 години секоја сабота во „Вест“, весникот што Михајловски го основа и чијшто главен уредник беше до 31 декември 2015 година.