fbpx

СДСМ: Јавниот долг на историски највиско ниво

-

Опозицискиот СДСМ реагира дека пробиена е границата од повеќе од 4 милијарди евра јавен долг и сега тој изнесува 4,224 милијарди евра, а за тоа, како што велат од партијата, „виновни се расипничките политики на Никола Груевски и на „фамилијата“ во изминатите години“.

– Во последните 90 дена од 2015 година, владата на ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваше граѓаните на Македонија со повеќе од 3 милиони евра секој ден. Доколку СДСМ, преку дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, не го преполовеше износот на еврообврзницата, задолжувањето ќе беше повеќе од 6 милиони евра дневно. Ова е потврда дека поранешниот премиер Никола Груевски, обидувајќи се да ја спаси својата кожа, ги носи државата, граѓаните и идните генерации во должничко ропство – велат од СДСМ.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...