понеделник, 9 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: колумна | 26 резултати

ЕУ донесе нова регулатива за отпад од пакување, што ја чека Македонија?

15 март 2024

Анализа за Порталб.мк на Малинка Ристевска Јорданова, Институт за европска политика Овој месец е постигната согласност во ЕУ за ревизија на не толку одамна ревидираната Директива за пакување на отпадот (во 2018 година). Зошто беше потребна оваа ревизија? Европската комисија признава дека Директивата која е дел од пакетот за циркуларна економија не успеала да ги постигне […]

Кога „бездетната“ женска статуа би можела да проговори

8 март 2024

„Наместо да шеташ куче, шетај дете!“, ми довикна возрасната жена додека ја шетав Љиљана (сосема е во ред да се насмеете на името), додека моето куче одеше накај неа и ѝ се радуваше, мавтајќи со опашката пред локалниот маркет. Посакав да ја запрам жената што ми го даде овој бесценет совет додека се движеше со […]

Балканот и ЕУ: Фокусот е свртен од европските пари, а „тешките“ разговори за интеграција се во втор план

7 март 2024

Анализа за Порталб.мк на Малинка Ристевска Јорданова, Институт за европска политика Не можеме да се пожалиме дека челниците од регионот не се виѓаваат често. По средбата за Планот за раст минатиот месец во Скопје, премиерите/претседателите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора повторно минатата седмица се најдоа на две средби. Првата беше […]

Конечно одобрена помошта за Украина: Сличности и разлики меѓу новите инструменти за помош на Украина и за Западниот Балкан

11 февруари 2024

Анализа за Порталб.мк на Малинка Ристевска Јорданова, Институт за европска политика Неодамна главна вест од ЕУ беше согласноста на европските лидери за одобрување на новиот Инструмент за Украина со тежина од вкупно 50 милијарди евра за периодот 2024-2027 година. Предложен во јуни минатата година, по унгарското вето во декември, сега конечно се очекува да биде формално […]

План за раст: „Забрзување“, „зајакнување“, „условеност“ во темпо na adagio – бавно, но со голема експресија

24 јануари 2024

Анализа за Порталб.мк на Малинка Ристевска Јорданова, Институт за европска политика Откако се исцрпи дискусијата за годишните извештаи, поактуелен стана новиот План за раст за Западниот Балкан (или иновираниот поранешен Економски и инвестиционен план за Западниот Балкан), кој Комисијата го претстави на 8 ноември 2023 година, како дел од Пакетот за проширување. Планот е обид на […]

На Фејсбук убиства не се решаваат!

9 декември 2023

Сведоци сме на непотврдени информации во однос на семејниот приватен живот на семејството на 14-годишната Вања, секакви теории на заговор, стотици и стотици чуени-недочуени-претпоставени мотиви за двете убиства, исполитизирани и испреплетени во една мистерија која сега наводно ја расплетуваат корисници на социјалните мрежи, со што се создава целосна конфузија во однос на два трагични настана, […]

Проширување со поглед кон Исток : „Една големина за сите“ наспроти индивидуален пристап

29 ноември 2023

И две седмици по објавувањето на овогодишниот Пакет на Европската комисија за проширувањето за сега десетте потенцијални нови членки на ЕУ, со мали исклучоци, отсуствуваат критички анализи за него. Главниот фокус е на новодојденците во пакетот – секако најмногу на Украина, а потоа Молдавија и Грузија. Првиот впечаток е дека не само што проширувањето доби […]

„Жолт картон“ од Европската комисија

13 ноември 2023

Во преден план на презентацијата на годинешниов пакет документи за проширувањето на Европската комисија беа токму новодојденците во тој пакет – Украина, Молдавија и Грузија. За нив продолжува забрзаната патека со предлози за почеток на преговорите, кои сепак се со одложено дејство и/или условени. Придодадена од Западниот Балкан е Босна и Херцеговина со можен условен предлог […]

И темелните права под скенерот на ЕК – загрижувачки оценки за затворскиот систем, родовата еднаквост, правата на децата

5 септември 2023

Acquis за темелните права во најголема мера се состои од меѓународни стандарди – пред сѐ конвенциите на ООН, како и на Советот на Европа, но и стандардите што ги развиваат бројните тела воспоставени за следење на спроведувањето на меѓународните конвенции. Сепак, во некои области постои и т.н. „тврдо“ acquis – тоа се задолжителните правни акти […]

Проширувањето пред проширување

18 октомври 2022

Годинешниов пакет документи за проширувањето на Европската комисија има две одлики. Најпрвин, тој е последен со седум држави. Од следната година ќе се однесува на десет држави, вклучувајќи ги Украина, Молдавија и Грузија. Втората одлика е силната геополитичка боја на Стратегијата за проширување, во која на преден план е влијанието на руската агресија врз Украина […]

Прекинување на ветото или бугаризација до недоглед?

20 јуни 2022

Најчесто се воздржувам од коментари на непотврдени документи. Меѓутоа, во случајов се работи за објавени предлози на документи (од страна на 360 степени) кои се многу значајни за Македонија. Тоа се делови од предложените заклучоци на Советот за општи работи на ЕУ кои се однесуваат на Македонија, кои би требало да се најдат на масата […]

За новата методологија на ЕУ за проширување и нејзиното влијание врз преговорите

24 мај 2021

Обземени со прашањето, ќе почнат преговорите или не, запоставуваме некои теми кои се чинат неактуелни или технички. Такво е и прашањето за новата методологија на проширувањето. Во предлогот на преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија, која што постојано ja споменуваме, е всушност применета на новата методологија, иницирана од Франција и усвоена од Советот на […]

Во очекување на зборот на Европскиот парламент

28 февруари 2021

Со низа средби на највисоко ниво и без многу контроверзи минатата недела мина посетата на известителот за Северна Македонија на Европскиот парламент, Илхан Ќуќук. Македонската јавност главно ја издвои неговата изјава дека постојат големи разлики меѓу бугарските барања и очекувањата на Северна Македонија. Европскиот парламент има позначајна улога во завршните фази од процесот на проширување, […]

Ќе спречуваме и заштитуваме од дискриминација, НО…

29 октомври 2020

И конечно, и по втор пат – донесовме Закон за заштита и спречување од дискриминација. Во Извештајот во 2019 година Европската комисија нѐ пофали за донесувањето на новиот Закон и го сметаше за крупен исчекор во темелните права. Ама, „пу, пу, не важи“, излезе дека нашиот убав закон, што така грлато многумина го поздравија – […]

Економскиот и инвестициски план за Западниот Балкан: нова надеж или ново пакување?

14 октомври 2020

Оваа година Економскиот и инвестицискиот план на Европската комисија за Западниот Балкан го засени нејзиниот пакет докумeнти за проширувањето. Европската комисија сака да испрати политичка порака дека е посветена на регионот на Западниот Балкан и да го поврати веќе разнишаниот кредибилитет. Меѓу главните причини за донесувањето на Планот е опстојувањето на јазот во економскиот развој […]

Бечев: Реториката на бугарската власт ќе го засили ВМРО-ДПМНЕ

12 мај 2020

Одговарајќи на познатата реторика во политичкиот и медиумскиот простор во Бугарија во изминативе неколку седмици, за зовриениот котел со прашањето на националниот идентитет на Македонците, за македонскиот јазик и за Гоце Делчев, познатиот професор и аналитичар Димитар Бечев во колумна за Радио Слободна Европа на бугарски јазик порачува дека диктатот на Бугарија кон Северна Македонија […]

Спасов: Да се инвестира во развој на организациите кои вршат проверка на факти, како Фондацијата „Метаморфозис“

23 септември 2019

Потребно е да се инвестира во развој на организациите како Фондацијата „Метаморфозис“ кои во своите медиумски проекти ќе вршат проверка на факти и ќе ги соочуваат новинарските организации и новинарите со потребата од почитување на новинарските кодекси и новинарската етика и ќе ја подигаат медиумската култура на граѓаните за препознавање на кампањите за дезинформација, вели […]

Обвинителството ја отфрли кривичната пријава против новинарот Бранко Тричковски

26 декември 2018

Основното јавно обвинителство Скопје ја отфрлило кривичната пријава поднесена од МВР против новинарот Бранко Тричковски, соопштија од Обвинителството. Кривичната пријава беше за загрозување на сигурноста, потоа за повик на убиство на претставници од највисоките државни органи од член 309 на Кривичниот законик, како и за повикување на насилна промена на уставниот поредок и за предизвикување […]

Контраспин: Ниту името, ниту „браникот на таковината“ зависат од Агатангел

15 февруари 2018

Две и пол деценискиот спор со Република Грција за името е политички, државен. Владиката Агатангел, се разбира дека може да има став, меѓутоа не може да настапува во име на Македонската православна црква (МПЦ –ОА), а особено не смее да повикува на одбрана на „татковината и на името“ (!), од проста причина што тоа не е […]

Попоски за „Катимерини“: Македонија и Грција треба да си дадат шанса

21 февруари 2016

Ниту затворањето на границите, ниту навивањето Грција да излезе од шенген-зоната, но ни користењето на ситуацијата со бегалците за Македонија да поентира за влез во Европската унија (ЕУ) и во НАТО не ѝ оди во прилог на нашата земја. Ова го посочува министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во колумна во весникот „Катимерини“ околу бегалската криза […]

Страна 1 од 2