fbpx

Вирусот зика потврден во Данска

-

Данските медиуми јавуваат дека резултатите од анализата покажале дека едно лице е позитивно на вирусот зика во оваа земја.

Здравствените претставници од Архус, втор по големина град во Данска, соопштија дека станува збор за државјанин на Данска кој патувал во Јужна и во Централна Америка, јавува данската телевизија ДР.

Светската здравствена организација (СЗО) претходно предупреди дека опасниот вирус зика може да се прошири во многу земји и дека најверојатно ќе дојде до ширење на вирусот во сите земји во Јужна и на Северна Америка, освен во Канада и во Чиле.

За овој вирус, кој го пренесуваат комарците, не постои лек, а инфекциите предизвикуваат симптоми како што се температура, конјунктивитис и главоболка.

Вирусот е најопасен за трудниците, затоа што влијае на плодот, а децата се раѓаат со оштетувања на мозокот кои можат да доведат до смрт.

Научниците го поврзуваат вирусот со оштетувањата на мозокот кај повеќе од илјада бебиња во Бразил.

Досега вирусот зика се појавил во 23 земји, а министерствата на одредени земји ги советуваат трудниците да не патуваат во земјите каде се регистрирани случаи на вирусот.

Речиси 80 отсто од заразените лица не знаат дека во себе го носат вирусот сè додека не се појават симптомите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...