fbpx

Спасовски и Стефановиќ во посета на транзитниот центар за мигранти во Гевгелија

-

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска заедно со неговиот колега од Србија, Небојша Стефновиќ, беше во посета во прифатниот центар за мигранти во Гевгелија.

Посетата беше за да видат како се одвиваат работите во прифатниот центар, каде полицајци од Србија ѝ помагаат на нашата полиција. Министерот Спасовски му се заблагодари на српскиот министер за помошта и за соработката.

„Оваа бегалска криза што ни се случува не е проблем што можат да го надминат сами ниту Македонија, ниту Србија, ниту земјите од регионот. Ова е проблем за кој мора да се бара решение заедно со ЕУ и во тој правец мислам дека сите заеднички, преку една таква координација, ќе го надминеме проблемот. Луѓето кои транзитираат низ западно-балканската рута се луѓе кои бараат заштита и ние сме должни преку сите меѓународни конвенции тоа да го обезбедиме, меѓутоа, исто така, сме должни да ја зачуваме сигурноста и безбедноста и на нашите држави и на регионот“, рече Спасовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оставки во СДСМ по изборниот пораз, калкулации во ВМРО-ДПМНЕ за коалиции во идната влада

Потпретседателите на СДСМ Перо Костадинов и Фатмир Битиќи вчера вечерта, по објавувањето на прелиминарните резултати од парламентарните избори поднесоа оставка од партиските функции, а Битиќи побара тоа да го...