fbpx

Избрани членовите на анкетната комисија за прислушувањето

-

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата вечерва усвои предлог-одлука за избор на претседател, заменик-претседател и на членови на анкетната комисија за прислушувањето, чие формирање е врз основа на Договорот од Пржино за надминување на политичката криза, јавува телевизија „24 Вести“.

За претседател на анкетната комисија е предложен Петре Шилегов, а за заменик-претседател Горан Мисовски. Членови на комисијата, според предлогот, треба да бидат Антонио Милошоски, Силвана Бонева, Крсто Мукоски, Павле Саздов, Димитар Стевананџија, Лилјана Затуроска, Магдалена Манаскова, Владанка Авировиќ, Томислав Тунтев, Васко Ковачевски, Талат Џафери, Ејуп Рустеми, Ернад Фејзула и Роза Топузова-Каревска.

Предлог-одлуката на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е на дневен ред на 78. собраниска седница закажана за утре напладне.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...