fbpx
Таг: собраниска комисија

таг: собраниска комисија

Почна седницата на Комисијата за надворешни работи во бугарскиот парламент – три предлога за кревање на ветото

И покрај немањето кворум за пленарна седница, во парламентот на Бугарија сепак почна седницата на Комисијата за надворешна политика на која се разгледуваат три предлога за кревање на ветото. Предлози поднесоа ДПС, ГЕРБ И ДБ, која важи за цврст партнер на партијата на Кирил Петков. На комисиската седница е и министерката за надворешни работи (во оставка), Теодора Генчовска. Парламентот вчера...

Иницијативата за референдум против дигиталните учебници не била уредно поднесена

Неуредно е поднесена иницијативата за распишување референдум на „Учебници и настава мора да има“ во врска со дигитализацијата на учебниците, што беше доставена завчера до Собранието. Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска оцени дека иницијативата не е поднесена во форма предвидена во членовите 66 и 70 од Законот за референдум. Овој заклучок на Комисијата, ќе му...

Започна комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2021 година, опозицијата поднесе 528 амандмани

Собраниската расправа за Предлог-буџетот за наредната година започна денеска во матичната Комисија за финасирање и буџет. Образложувајќи го буџетот за 2021 година, министерот за финансии Фатмир Бесими посочи дека тој базира на четири столба: економско заздравување од ковид-19, забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и развој на човечките ресурси и еднакви можности. Преку...

Изборот на новите антикорупционери денеска на комисија, па на собраниска пленарка

Во собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе се утврди предлог-листата за именување на претседател и членови на Државната  комисија за спречување на корупцијата, односно за новите антикорупционери. Потоа таа листа ќе оди на гласање во Собранието. Во Законодавно-правната комисија ќе се дискутира и за предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за класифицирани информации, по...

Извештајот за СЈО ќе се разгледува на комисија в среда

Седницата за собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците беше прекината пред специјалната обвинителка Катица Јанева да го претстави годишниот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Седницата беше одложена поради координацијата на политичките партии, по барање на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.  Претседателот на комисијата го закажа продолжението, кога и треба да се расправа за извештајот на СЈО,...

Предлози за членови на Советот на јавни обвинители и за уставен судија во Собранието

Четири комисии на Собранието денеска ќе заседаваат разгледувајќи десетици предлог-закони, но и кадровски решенија за клучните позиции во правосудството. Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе утврдува предлози за членови на Советот за јавни обвинители, но ќе избере и кандидат за судија на Уставниот суд. На другите комисии ќе се расправа за низа предлог-закони со кои ќе се воведе АПТИС...

Во Собрание комисии ќе расправаат за неколку закони

Вкупно четири комисии во Собранието денеска ќе расправаат за повеќе предлог-закони, меѓу кои и законот за урбано зеленило, предложен своевремено, меѓу другите пратеници, и од Петре Шилегов, кој сега е градски татко на Скопје. Ќе се дискутира и за Годишниот извештај на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2016 година, како и за Предлог-закон за изменување и...

Јавна расправа во Собранието за измените на законот за пушењето

Од 11 часот во салата „Борис Трајковски“ во Собранието на Република Македонија ќе се одржи јавна расправа за предлог-законот за изменување на Законот за заштита од пушењето, во организација на собраниската комисија за здравство. Предлог-законот е од неколкумина пратеници од владејачкото мнозинство, кои сметаат дека сегашниот закон е премногу рестриктивен и потребна е дозвола да се пуши во заградените тераси...

Груби ја закажа седницата за законот за јазиците на Денот на албанската азбука

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби, како што најави, комисиската седница на која во второ читање ќе се расправа за предлог-законот за употреба на јазиците, ја закажа за 22 ноември - Денот на албанската азбука, потврдија од Комисијата за „Мета“. Груби го најави тоа вчера, на прес-конференција во Собранието на Република Македонија, откако на продолжението на 15. собраниска...

Едногласно усвоена предлог-декларацијата за забрзување на процесот за зачленување на Македонија во ЕУ и во НАТО

Собраниската Комисија за европски прашања денеска ја усвои предлог-декларацијата за забрзување на реформските и интегративните процеси за зачленување на Република Македонија во ЕУ и во НАТО. Комисијата бара предлог-декларацијата да биде ставена на дневен ред на посебна наредна седница. Во документот се наведува дека се потврдува натпартиската сплотеност околу заедничките напори за обезбедување позитивна клима за реализирање на стратешката определба за...

Продолжува расправата за предлог-буџетот за 2017 година во матичната собраниска комисија

На Комисијата за финансирање и буџет денеска е второто читање за предлог-буџетот за 2017 година, кој изнесува 3,3 милијарди евра. Предлог-буџетот за 2017 година на расправа во матичната собраниска комисија влезе на 28 септември и треба да се разгледува максимум десет дена. Со овој предлог-буџет, вкупните приходи се планирани на ниво од 187,6 милијарди денари, што е за 7,6 отсто...

Јанева: Прецизно го слушав Милошоски затоа што неговиот глас е чест на снимките

Почна седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на која пратениците веќе втор ден дискутираат за извештајот на специјалната обвинителка Катица Јанева. Прва говореше независната пратеничка Солза Грчева, која рече дека е изненадена од непознавањето на правото, политиката и на демократијата што го покажала Јанева во вчерашното излагање и одговарање на пратеничките прашања. Збор зеде и пратеникот Горан Мицовски,...

Јанева: Снимките ги доведуваат во прашање сите избори од 2011 година досега

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, одговарајќи на прашања на пратениците од Комисијата за политички систем и за односи меѓу заедниците, се заблагодари за поддршката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, но рече дека дозвола за нови јавни обвинители, СЈО добива од Советот на јавни обвинители, а не од пратениците на Собранието. Таа рече и дека толку малку материјали досега се преслушани,...

Собраниската комисија денеска ќе ја чека Јанева за извештајот

Собраниската комисија за политички системи денеска во 11 часот треба да ја продолжи седницата за разгледување на извештајот за шестмесечната работа на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Претседалот на комисијата, Владимир Ѓорчев, вчера ја одложи седницата поради, како што рече, неприсуството на Јанева, кое го оцени како непочитување на Собранието, Уставот и на законите. – Нејзиното недоаѓање е целосно непочитување кон...

Комисијата за надзор на работата на УБК и на АР во работна посета на институциите

Претставниците на Собраниската комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање денеска во просториите на УБК одржаа работна средба, на која од страна на Управата беше презентирана актуелната безбедносна состојба во Македонија од аспект на екстремизам, тероризам, илегална миграција и бегалската криза. Како што соопштија од МВР, на состанокот се разговарало и...

Избрани членовите на анкетната комисија за прислушувањето

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата вечерва усвои предлог-одлука за избор на претседател, заменик-претседател и на членови на анкетната комисија за прислушувањето, чие формирање е врз основа на Договорот од Пржино за надминување на политичката криза, јавува телевизија „24 Вести“. За претседател на анкетната комисија е предложен Петре Шилегов, а за заменик-претседател Горан Мисовски. Членови на комисијата, според...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...