fbpx

Еден од париските терористи минал низ Македонија

-

Сириски државјанин кој учествувал во вчерашниот терористички напад во Париз, минал по таканаречениот балкански коридор, информираат француските телевизии. Тој, според нив, заедно со илјадниците бегалци од Грција, минал низ Македонија, па преку Србија, Хрватска, Словенија, Австрија и Германија, стигнал во Франција.

Дека оваа, засега неофицијална информација, е можна, потврди и грчкиот министер за јавен ред, Никос Тоскас, кој изјави дека сирискиот терорист бил регистриран како бегалец минатиот месец во кампот на островот Лерос.

Засега идентитетот на сирискиот државјанин се чува во тајност. Француските власти потврдија дека кај него бил најден сириски пасош, а проверките покажале дека не станува збор за фалсификат.

Со измени на Законот за азил во Македонија, пак, од јуни годинава, се предвидува мигрантите да транзитираат низ земјава за 72 часа. Притоа, тие имаат можност да ја напуштат Македонија или да побараат азил од првиот полицаец што ќе го сретнат, а за време на нивниот престој ќе имаат право да користат јавен превоз.

Секој мигрант што влегува во Македонија мора да биде евидентиран во службите на Министерството за внатрешни работи.

Поради последните случувања со бегалската криза, претседателот Ѓорге Иванов, по денешната обиколка на јужната гранична линија, за вечерва го свика Советот за безбедност.

– Армијата веќе аларамира дека има сè повеќе лица што излегуваат од котата 59 и илегално преминуваат на премини кои не се обележани. Станува збор за повеќе од 8.500 лица кои излегуваат надвор од спомената кота 59. Штом избегнуваат да бидат регистрирани, тоа дава основано сомневање дека станува збор за лица кои, секако, немаат добри намери – изјави Иванов.

Терористичките напади во Париз, според македонскиот претседател, ќе имаат реакција и врз бегалската криза.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...