Груевски: Ќе се градат три нови студентски домови

-

Премиерот Никола Груевски денеска најави изградба на нови три студентски домови во Македонија. Два од нив ќе бидат изградени во Скопје, а нов студентски дом ќе добие и Тетово.

– Доста работевме на наоѓање локации за студентски домови, баравме локации каде што има државно земјиште, каде што мислиме дека може да се изгради студентски дом. Практично, на крајот, излезе дека во Скопје веројатно ќе се градат два студентски дома. Едниот е на местото на сега веќе руинираните бараки во „Медицинар“ кои веќе не се во функција – рече Груевски.

Тој образложи дека во „Медицинар“, студентскиот дом ќе биде со капацитет од 350 до 400 места за студенти, а во рамките на студентскиот дом ќе има и спортска сала, читална, библиотека.

– За овој студентски дом, проектот ни е готов, има мали доработувања и измени кои во моментов се прават, така што очекувам во декември да излезе јавниот повик за градба на нов студентски дом на местото на сегашните руинирани бараки во студентскиот дом „Медицинар“, кои не се во употреба. Втората локација, за која сè уште ги немаме потребните документи, е во близина на СЦ „Борис Трајковски“ во општината Карпош, каде што планираме, исто така, локација за околу 500 места за студенти. За ова место ќе треба доправа да ги почнеме сите подготовки од правен аспект – рече Груевски.

Тој посочи дека доколку работите одат со предвидениот тек, на средината од следната година, односно јули или август, ќе се објави јавен повик за изградба, а за една-две години проектот би бил целосно завршен.

Груевски рече дека потреба од студентски дом има и во Тетово, во рамките на Државниот универзитет во Тетово. И за таму подготовките веќе се прават и се очекува да почне процедурата за наоѓање изведувач.

– Наместо еден, одлучивме да изградиме три студентски дома. Најбргу ќе биде изграден студентскиот дом кај „Медицинар“, а за другите два ќе треба да бидат направени дополнителни подготовки – истакна Груевски.

Премиерот потсети дека за два-три дена ќе излезе јавниот повик за изведувач за блокот А во студентскиот дом „Гоце Делчев“, а реконструкцијата на блокот Б е целосно завршена. Според премиерот, реконструкцијата во тој студентски дом ќе тече етапно.

Врховниот суд во САД одлучува за границите меѓу извршната и судската власт

Колкава моќ треба да имаат федералните судии во САД? Ова клучно прашање сега се наоѓа пред Врховниот суд на САД (SCOTUS), во контекст на извршна наредба донесена од поранешниот претседател Доналд...

Голем дел од Македонија утрово остана без струја поради висок напон во регионалната мрежа, вели МЕПСО

Во раните утрински часови денеска дојде до краткотраен прекин во снабдувањето со електрична енергија на делови од електроенергетскиот систем на Македонија, откако настана дефект во 110 kV преносната мрежа, велат од...

Утрово почувствувани два послаби земјотреси во Охрид и Струга

Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава на 18 мај, во 5:07 и 5:16 часот, се регистрирани два земјотреси со епицентар во подрачјето Пештани – Охрид – Струга, на...

Израелски воздушни напади убија над 100 лица во Газа во пресрет на нова рунда мировни преговори

Најмалку 100 лица загинаа во текот на ноќта во воздушни напади извршени од страна на израелските сили врз појасот Газа, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава во неделата. Нападите доаѓаат...

Врховниот суд во САД одлучува за границите меѓу извршната и судската власт

Колкава моќ треба да имаат федералните судии во САД? Ова клучно прашање сега се наоѓа пред Врховниот суд на САД (SCOTUS), во контекст на извршна наредба донесена од поранешниот...