fbpx

Најнов биланс по нападите во Париз: 129 мртви и 352 ранети

-

Јавниот обвинител на Париз, Франсоа Молан, го соопшти најновиот црн биланс од терористичките напади, според кој 129 лица се мртви и има 352 ранети, од кои најмалку 99 се во критична состојба. Во нападите загинаа и седум терористи.

Планот „Вижипират“ за безбедносните мерки од вечерва е засилен и во прекуморските департмани и територии на Франција.

Според информациите на француските медиуми, двајца од седумте терористи се идентификувани како Исмаел М. и Абдулкакбак Б. Првиот ѝ бил познат на полицијата за прекршоци од кривична природа, но вториот не е регистриран во полициската евиденција.

Весникот „Волстрит журнал“ тврди дека еден од терористите кој дејствувал околу стадионот во Париз, прво се обидел да влезе во него. При безбедносната контрола на влезот, еден од чуварите го открил појасот со експлозив што го носел. Во тој момент, тој ја активирал бомбата. Според полицијата, неговата цел била да го активира експлозивот во стадионот.

Полицијата е убедена дека исламистите што ги предизвикаа крвавите напади во Париз се професионалци, добро координирани, со методи на командоси и со неверојатна смиреност. Според истражувачите, се работи за профил на млади борци вратени од воените зони.

Полициски извори потврдија дека во саботата наутро е пронајден сириски пасош во близина на „Стад де Франс“, до трупот на еден од напаѓачите. Овај пасош бил регистриран во Грција во октомври, изјави грчкиот заменик-министер задолжен за полицијата. Тој влегол во Грција на 3 октомври 2015 година, но не е кажано дали е контролиран на другите граници и како и преку која земја дошол во Франција. Според грчките власти, Франција побарала и од другите земји да извршат истрага за ова лице.

Францускиот премиер, Мануел Валс, потврди дека ќе се одржи конференцијата за климата КОП21 исто како и регионалните избори, бидејќи, како што рече, не треба да се попушти пред терористите.

Претходно, тој во интервјуто за ТФ1, изјави дека Франција е во војна.

– Ние ќе го нападнеме тој непријател за да го уништиме. Франција е одлучна да победи во оваа војна – рече Валс.

Во знак на почит за загинатите во нападите, осветлувањето на Ајфеловата кула ќе биде исклучено цела ноќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...