fbpx

Возач загинал во сообраќајка на патот Македонски Брод – Самоков

-

Седумдесет и тригодишен жител на селото Ропотово го загубил животот, а уште три лица биле повредени во сообраќајна незгода што вчера попладне се случила на регионалниот пат Македонски Брод – Самоков, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, сообраќајната незгода се случила околу 16 часот, а во неа учествувале автомобил, марка „лада рива“, што го управувал починатиот Драгомир С., и возило „тојота“ со кичевски регистарски ознаки, сопственост на Здравствениот дом во Македонски Брод, што го управувал 54-годишниот В.Џ.

Од сериозноста на повредите Драгомир С. починал на самото место, додека телесни повреди добиле возачот на „тојотата“ и две сопатнички.

На местото бил извршен увид и се работи на утврдување на причините и на околностите во кои се случила сообраќајната незгода.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Министерството за внатрешни работи известува дека утре (04.05.2024) ќе има посебен режим на сообраќајот, односно по потреба за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“ на потегот од ул.„Иљо Војвода“ (виадукт...