fbpx

ОБСЕ ѝ понуди поддршка и соработка на Јанева

-

Шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалаинен, денеска ѝ понудила поддршка и соработка со специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, соопштија од Мисијата на ОБСЕ во Скопје по денешната средба.

На средбата, како што се наведува во соопштението, Суомалаинен и Јанева разговарале за новата улога на обвинителката и за претстојните предизвици.

Суомалаинен ѝ честитала на Јанева за формирањето на нејзиниот тим од вкупно 12 обвинители, истакнувајќи дека канцеларијата на обвинителката мора да продолжи да биде независна и слободна од секаков вид притисоци, за да постигне резултати кои ќе бидат фер и објективни.

– Важно е дека обвинителката има тесна соработка со институциите. Нашата мисија е тука да помогне – рекла шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Таа, исто така, го поздравила договорот постигнат на средбата на лидерите на политичките партии на 5, односно на 6 ноември годинава, за понатамошно спроведување на Договорот од Пржино.

– Правилното спроведување на Договорот од Пржино и почитувањето на законите, вклучувајќи ги тие што беа усвоени вчера во Собранието, ќе овозможат еднакви услови на претстојните избори – посочила Суомалаинен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...