fbpx

Воздухот во Скопје, Тетово и во Битола повторно полн со прашина

-

Во Скопје, Битола, Тетово и во Кочани утринава воздухот е енормно загаден, а мерните станици покажуваат концентрации на честичките ПМ10 од 120 до 230 микрограми на еден кубен метар.

Во скопски Центар е измерена највисока концентрација од 230 микрограми честички на еден кубен метар, во Лисиче – 215, Тетово – 200, Карпош – 170, мерните станици кај Ректорат и во Миладиновци покажуваат 150 микрограми на еден кубен метар, а во Кочани и во Битола – 120, односно 100 микрограми на еден кубен метар.

Загадувањето, односно концентрациите се повисоки во попладневните часови и во текот на ноќта. Така, во Тетово максимално се измерени 553 микрограми, во Карпош – 400, Центар – 350, Лисиче – 320, кај Ректорат и во Миладиновци по 250, во Битола – 200 и во Кочани – 144 микрограми на еден кубен метар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Хари Потер замокот“ во Одеса бомбардиран, најмалку пет убиени

Пристанишниот град Одеса беше бомбардиран синоќа, пренесува Би-би-си и Еуроњуз. Нападната беше зградата која локалци ја нарекуваат „Хари Потер замок“. Засега се забележани најмалку пет загинати лица. Тие кои биле...