fbpx

Пензиониран војник се заканувал со пиштол пред владата на Србија

-

Пензиониран потполковник на војската на Србија мавтал со пиштол помеѓу главниот и помошниот влез на зградата на Владата и се заканувал дека ќе се убие. По преговорите со полицијата, тој го предал пиштолот, а надлежните го собрале оружјето и мажот го внеле во владината зграда. За време на инцидентот, делови од улиците околу владата на Србија биле блокирани, а зградата била опколена од припадницие на специјалната и на противтерористичката служба.
Министерот за одбрана, Братислав Гашиќ, кој во владината зграда разговарал со пензионираниот потполковник, изјави дека станува збор за човек кој е незадоволен што не е исполнето ветувањето дадено во 2006 година, според кое, на воените пензионери ќе им биде зголемена пензијата.
– Во 2006 година, тогашната власт, во рамки на нејзините активности, на сите воени пензионери им ја зголеми пензијата за 10 проценти, но потоа донесе одлука тоа да не биде исплатено – изјави Гашиќ.
Тој додаде дека по одлуката за укинување, воените пензионери го тужеле министерството за одбрана на Србија, а судовите донеле одлука некому да бидат исплатени парите, а некому не.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пендаровски го призна поразот на претседателските избори

Досегашниот претседател на државата Стево Пендаровски на прес-конференција изјави дека резултатите од претседателските се јасни и дека нема намера да ги објаснува, а додаде и дека „неговата совест е...