Нова љубљанска банка (НЛБ) нуди награда од 50.000 евра за вработените кои ќе го пријавуваат неправилното работење на нивните колеги, во службата на банката која популарно се нарекува „внатрешна полиција“.

И покрај реакцијата на Синдикатот на вработените во Нова љубљанска банка и мислењето на дел од банкарите дека се работи за неетички пристап, формирањето на внатрешната контрола го брани Рок Прапротник, некогаш член на владината антокорупциска комисија.

Тој е ставен на чело на споменатиот оддел, кој официјално се нарекува Центар за хармонично работење и има 17 вработени.