fbpx

Либија: Експлозија на бомби пред амбасадите на Египет и на Емиратите

-

Бомби експлодираа пред амбасадите на Египет и на Обединетите Арапски Емирати во либискиот главен град Триполи. Засега нема информации за жртви, ниту за предизвикани посериозни материјални штети.

Експлозиите следуваа по серијата експлозии на автомобил-бомби, кои во средата експлодираа во неколку града во Лидија што се под контрола на меѓународно признаената власт.

Египет и Обединетите Арапски Емирати летоска го повлекоа дипломатскиот персонал од Триполи поради ескалацијата на ситуацијата во северно-африканската држава.

Според очевидците со кои контактираше новинската агенција „Ројтерс“, бомбата предизвикала мали оштетувања на објектот на египетската амбасада, но не се знае дали тој бил погоден.

Засега нема информации дали амбасадите биле мета на бомбите, ниту дали некој од обезбедувањето бил во објектите за време на експлозиите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈСП: Утре ќе сообраќаат автобусите по неделен возен ред, а жичницата нема да работи

Утре, за време на двојните претседателски и парламентарни избори, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред. Жичницата до врвот на Водно нема да работи. Дежурни ќе бидат билетарниците на...