fbpx

Јакимовски: СДСМ е единствена партија во Европа која се финасира со задолжување

-

Еден од начините за финансирање е со кредитно задолжување, реагираат од Општина Карпош на прес-конференцијата на СДСМ на која обвинија дека Општината ќе се задолжи за нови 2,5 милиони евра.

– Кога станав градоначалник во 2009 година, Општина Карпош имаше два кредити од речиси еден милион евра, коишто ги зел мојот претходник, Андреј Петров. Граѓаните знаат дека, сепак, е стопати помалку направено во Општината во оној период додека беше градоначалник Петров (2005 – 2009 година), во однос на она што е изградено во периодот 2009 – 2013, односно 2014 година, додека јас ја менаџирам Општината. Не е воопшто чудно, ниту невообичаено една локална самоуправа, влада или претпријатие да се финансираат со кредити. Чудно е кога една партија се финансира преку кредитирање. Најчудно е што упатуваат критики токму членовите на СДСМ, а притоа СДСМ е единствена партија во Европа која се финасира по пат на задолжување. Да потсетам, Социјалдемократскиот сојуз има земено повеќе кредити и е задолжен со хипотека на целата зграда која ја има за да се финансира и да опстои како политичка партија – вели градоначалникот Јакимовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...